ЈАНУШЕВ: Ајде да воведеме инстититут “кандидат за носител на мандат”

ФБ статус на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ:

Ајде да воведеме институт кој што ќе го наречеме “кандидат за носител на мандат” (Spitzenkandidat), исто како што имаме носители на изборни единици.
Тој што ќе победи има право да ја формира владата, да биде идниот премиер и да ја води Република Македонија во следните четири години. Тој што ќе изгуби нема да може да се крие позади пратеничкиот мандат, туку веднаш да ја напушти политиката и да се соочи со одговорноста на сопствениот пораз.

Изборната понуда на ВМРО-ДПМНЕ ќе содржи во себе стратегија и визија како Македонија ќе изгледа за 10 години. Тоа е програма која што нуди предвидлива иднина за нашите сограѓани.

Првиот дел ќе биде владеење на правото и бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и нулта толеранција за корупцијата. Вториот дел ќе биде “дигитализирана Македонија” – целосно дигитализирана држава. Со владеење на правото и нулта толеранција на корупцијата, а истовремено целосна дигитализација и отчетност во процесите, ќе имаме инвеститори, ќе имаме повеќе пари во економијата, ќе имаме повеќе пари во буџетот, а со тоа поголема можност за инвестиции во образованието, во здравството и во земјоделието, поддршка за пензионерите, поддршка за младите. Ќе имаме повеќе пари за екологија. Третиот столб е македонизмот – враќање на македонизмот во Македонија.

П.С. – даночно олеснување за сите млади до 29 години кои што имаат годишно нето примање не поголемо од 360.000 денари (или месечно нето примање не поголемо од 30.000 денари).

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=471955253526147&id=155612228493786