Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од пистата и слета на улица во јужниот град Махшахр, откако при слетувањето му се скинал страничниот трап. Никој од патниците не е сериозно повреден.
Патниците излегле од авионот од влезната врата и од излезот за итни случаи при што со себе го носеле рачниот багаж, пренесува Танјуг.
Директорот на аеродромот изјави дека сите патници безбедно го напуштиле леталото.
Иранската државна телевизија објави дека инцидентот се случил за време на грубото слетување околу 9:30 часот по локално време.
Ова е трет инцидент последниве денови со авионите во Иран, по несреќата кога Украинскиот авион беше соборен на 8 јануари.