Легендарниот Коби Брајант официјално се збогува со кошарката на 37-годишна возраст, во ноември 2015 година, кога најави дека ќе замине во пензија на крајот на сезоната.

Потоа објави емотивно писмо во кое потврдува дека е време да се посвети на семејството и да го одвои баскетот настрана, иако баскетот му беше сè. И порано ја правеше топката од чорапите …

„Драга кошарко,

Од моментот кога почнав од чорапите на татко ми да си правам мали топчиња и да шутирам замислени шутеви за победа во големиот формат, знаев само една работа – се заљубив во тебе.
Љубовта е толку длабока па ти дадов сѐ, од мојот ум и тело до мојт дух и душа. Како шестгодишно момче кое длабоко се заљубило во тебе, никогаш не видов крај на тунелот, се гледав себеси само како трчам низ еден тунел. И така само трчав, трчав само право и поминував бројни пречки низ сите терени, ја бркав секоја загубена топка поради тебе. Бараше од мене енергичност, јас ти го дадов моето срце, бидејќи со него доаѓаат уште многу други работи.

Играв со многу пот и болка. Не затоа што имав предизвик, туку поради твојот повик. Правев сѐ за тебе, бидејќи тоа го правиш само поради оние кои се чувствуваш живо како што јас се чувствував поради тебе.

Му даде на едно шестгодишно момче да го живее својот сон во Лејкерси. И поради тоа секогаш ќе те сакам. Но, не можам опсесивно да те сакам уште долго. Оваа сезона е сѐ што остана во мене. Моете срце може да прими уште удари, мојот ум може да издржи уште напори, но моете тело знае дека е време за збогум.

И тоа е ок. Подготвен сум да те напуштам. Сакам да го знаеш тоа, сакам да го знаеш тоа сега се со цел заедно да уживаме во сите заеднички моменти кои ни преостанаа, и во добри и во лоши. Си дадовме еден на друг сѐ што имавме. И двајцата тоа го знаеме, без оглед што ќе правам понатаму. Секогаш ќе бидам она момче кое си прави топчиња од чорапите на татка си, со канта ѓубре во ќошето, пет секунди до крајот и со топката во моите раце. 5…4…3…2…1. Засекогаш ќе те сакам.

Твојот верен, Коби”