Денес во Собранието од 12 часот е закажано продолжение на 130-та седница.
Покрај повеќето точки на оваа седница се наоѓа и Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Од информации од Собранието дознаваме дека денес оваа седница ќе започне со оваа точка. Се очекуваат расправа и дискусии во текот на целиот ден на ова тема.
Инаку, ова е по втор пат пратениците од опозицијата да поднесат ваква Информација, но сега за прв пат се разгледува на пленарна седница, бидејќи Информацијата за аерозагадувањето што ја поднесоа во 2018 година никогаш не беше ставена на пленарна седница.