Спасувачките екипи спасиле двегодишно девојче од под урнатините 24 часа по разорниот земјотрес што ја погоди турската источна провинција Елазиг.
Спасувачките екипи во еден момент слушнале глас како доаѓа од под урнатините на срушената зграда во населбата Мустафа Паша. Наскоро оствариле контакт со женска личност која им рекла дека има бебе под урнатините.
Жената плачејќи повикувала за помош, велејќи дека веќе не можат да издржат под урнатините.
Спасувачките екипи потоа направиле огромен напор и на крајот ископале тунел и успеале да стигнат до таму каде што биле и да го извадат малото девојче на безбедно, а потоа да го пренесат во болница. Спасувачките екипи со сите напори се обидуваат да ја спасат и мајката на детето.
Турската дирекција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека бројот на загинати во земјотресот што го погоди градот Елазиг во источна Турција во петокот се зголеми на 29. По силниот земјотрес, 1.466 лица се обратија кај лекарите за помош.