Тајландската полиција се извини откако случајно изврши аукција на автомобил во кој се наоѓале десетици илјади таблети амфетамин, објави Би-Би-Си вчера.
Купувачот платил 19.000 американски долари за Хонда ЦР-В, што била објавена на аукција овој месец, откако претходно била запленета во минатогодишната истрага поврзана со дрогата.
Меѓутоа, кога автомобилот бил испратен на сервис, механичар открил во браникот добро скриени 94.000 таблети.
Официјалните лица изјавија дека во иднина ќе треба да ги пребаруваат возилата многу повнимателно.
“Според протоколот, пребаруваме секое возило што го примаме, така што овој случај не беше исклучок. Но, тогаш не најдовме ништо, можеби затоа што таблетите беа многу добро скриени”, изјавил генералниот секретар на канцеларијата за контрола на наркотици, во Бангкок.