Мицкоски: Ќе продолжиме со преговорите за ЈО и покрај тоа што Десковска ги претвори во циркус овие средби

Во врска со најавите од власта дека тие ќе бараат 80 пратеници, дека ќе преговараат независно од ставот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговори:

Тоа е проблемот кај оваа власт и со овие луѓе што никогаш не ги интересира супстанцата туку се се сведува на бројка. И тоа е практично навреда и за општеството и за граѓаните, но и за политичарите кои што ќе одлучат да го поддржуваат овој пристап нумерички, емпириски за вакви суштествени прашања. Инаку што му претходеше на она фијаско од вчера, претходеше наш предлог да се одржи состанок на тие работни групи за да може да се дискутира околу ново стариот предлог на текстот по законот за јавното обвинителство.

Од нивна страна дојде предлог дека е добро да бидат вклучени и координаторите на другите пратенички групи. Ние тогаш рековме во ред, прифаќаме. Но прифаќаме и исто така да биде вклучен и експертската јавност и претставници од меѓународната заедница, за да биде комплетно сето ова. Да направиме една јавна дебата и да го поканиме јавниот обвинител. Ако веќе така сакаме, да го прошириме форматот на луѓе кои што ќе дебатираат по суштината на ново-стариот предлог за Законот за Јавно обвинителство. Нормално тоа од нивна страна не беше прифатено, и во текот на денот не информираа дека ги поканиле координаторите на другите пратенички групи во рамките на Парламентот. За да не биде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува, еве да излегуваат со разно разни критички изјави ние одлучивме да бидеме дел од тој состанок и да си ги кажеме нашите ставови. Меѓу кои и беше и честитката до министерката т.е. пардон новата претставничка во Венецијанската Комисија за правда, а тоа е госпоѓата Рената Дескоска. Потоа нашите позиции поврзани со текстот за Законот за Јавно обвинителство и отприлика тука се сведе дебатата и замоливме да биде повикан барен Јавниот обвинител да присуствува на тој состанок, затоа што кога станува збор за Јавно обвинителство, состанок на експертско ниво добро е да имаме и Јавен обвинител, односно државниот Јавен обвинител кој што ќе присуствува и ќе даде свој коментар имајќи предвид дека на 27-ми декември прилично е критизерски и негативно даде изјава поврзана со Законот за Јавно обвинителство. Се обидов да бидам колку што е можно попрецизен околу тоа што се случуваше, но и што му претходеше на она што вчера се случуваше на неуспешната средба поврзана со старо-новиот предлог на текстот за Законот за Јавно обвинителство.

Прашање: Дали има сериозна  намера да се донесе Законот?

Мицкоски: Има сериозна намера доколку се разбира Владата односно предлагачот има сериозна намера, за да ги прифати забелешките на опозицијата. Ние ќе ве потсетам во минатото често пати имавме забелешки на предлозите на Владата, тие на прва беа одбивани и беа нели црвена линија во преговорите, но потоа беа прифаќани како факт дека сме биле во право. Тоа беше и последниот случај кога им велевте немојте на ваков начин да дивеете со законите и со Уставот на оваа држава, и со писмо од притвореничката да ги префрлате предметите од СЈО во рамките на редовното обвинителство. Има процедура дајте да донесеме закон, да го донесеме тој член со кој што ќе се официјализира сето она кое што е од областа тужител заклучно со 30.06.2017 поднесено во рамките на судовите. Тогаш они одлучија на таков начин и велеа дека тоа е исправно, дека тоа е согласно Законот и Уставот. За да денеска во новиот предлог бараат од нас во процесите во кои што се во тек да донесеме член со кој што практично ќе се легализира она кое што беше направено на незаконит начин и неуставен начин. А, тоа беше преносот на случаевите од СЈО во редовното обвинителство, на начин на кој што тие го направија. И сега како ние тука да гледаме сериозен партнер кај луѓето кои што самите не знаат што прават. Гледаме дека се конфузни и дека практично се изгубени во целата оваа ситуација бидејќи се пред се уплашени, свесни се дека по 12-ти април следува одговорност за неправдата и криминалот кој што го направија изминатиот период и сега бараат начин како да се заштитат. И единствен начин им е сега вака како што Вие кажавте емпириски со 80 пратеника да они обезбедат заштита за заштита за Заев по 12-ти април. Така што еве долгата прикаска на кратко ако постои реална желба од страна на Владата да се прифатат забелешките на опозицијата кои што се аргументирани фактички тогаш зошто да не го донесеме тој Закон. Но доколку не постои таа желба тогаш тоа е тоа. И ќе ве потсетам последно како резултата на тоа дивеење со законите и злоупотреба ние денеска како политичка партија сме единствена во Европа тоа го информира и Претседателот на Европскиот Совет, единствена во Европа ќе ве потсетам со замрзнат имот и не можеме практично да функционираме соодветно и тоа нас не интересира, не не интересира само тоа што некој друг го интересира, нас не интересира она што нас ни е проблем за нормално функционирање. Видете најмалку половина милион граѓани во оваа држава се идентификуваат со оваа политичка партија, сакал тоа, не Зоран Заев, Русковска и останатите да го признаат. Како ние на тоа да гледаме?

Прашање: Јовевски кажа дека ќе учествува наредната недела на јавната расправа која што ќе биде од стручен карактер, да речеме од експертски карактер, но не и во политичките разговори. Од друга страна вели дека законот е добар, наспроти онаа изјава на која што се повикувате.

Мицкоски: Епа видете нормално дека ќе каже Јовевски дека е добар сега законот, претпоставува бидејќи од 27 до денеска имаше време Медарски да му даде и други инструкции како што тоа го правеше во минатото, се сеќавате. Тогаш му даде инструкции на кафе пиење и оп предметите од СЈО појдоа кај него. Претпоставувам дека исти такви инструкции сега му дадоа и ете го Јовевски излезе со изјава затоа што овој закон ваков каков што е вели дека е практично невозможно он да биде променет сем ако самиот не сака, едно од забелешките на ВМРО-ДПМНЕ. Така е сега  законот како што е направен. Така што исто како што првиот пат Медарски му даде инструкција сега ти ќе ги прифатиш, писмо ќе пише Катица, така и сега, сега ќе излезеш и ќе кажеш дека е добар законот. Еве од прилика тоа е одговорот на вашето прашање.

Прашање: А ќе учествувате ли на работните групи, оние кои што се само во политичкиот дел?

Мицкоски: Апсолутно се што е во интерес на граѓаните и процесите, ние ќе учествуваме и сме тука да соработуваме.

Прашање: Доколку Јовевски еве не присуствува на работните средби, туку само на јавната расправа се појави, би продолжиле да соработувате, тоа испаѓа како нов услов?

Мицкоски:  Не испаѓа како нов услов, ние требаше да имаме вчера средба на политичко ниво, таа средба се претвори во циркус организиран од Рената Десковска, Зоран Заев и екипата околу нив, не беше така замислена средбата. Еве следната недела како што вие велите ќе има јавна дебата на која што ќе можеме да дискутираме околу текстот на овој закон на експертско ниво, на стручно ниво, ќе бидеме дел и од политичките преговори, но ќе бидеме дел и од оваа експертска дебата.

Прашање: Значи ќе продолжите со разговорите?

Мицкоски: Апсолутно да, како не.

 

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на Европскиот совет