Крушево е подготвено да одбележи уште еден роденден на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. Денес се навршуваат 39 години од неговото раѓање.

Денес изминуваат 39 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите.

Човекот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.

Тоше ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.

Роденденот на Тоше Проески ќе биде одбележан денес напладне со пригодна програма во спомен-куќата „Тодор Проески”.

Крушево е подготвено да одбележи уште еден роденден на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. Денес се навршуваат 39 години од неговото раѓање.