Хонгконг прогласи тревога, а го прошири карантинот, изолирани 56 милиони луѓе. Додека во Франција се забележани три случаи на инфекција од коронавирусот. Постои ли сериозна закана за пандемија?
Кај третиот забележан случај станува збор за близок роднина на едно од двете лица кај кои порано е дијагностицирана оваа нова и опасна болест на белите дробови, соопшти француското Министерството за здравство. Сите тројца пациенити претходно престојувале во Кина и сега се наоѓаат во изолирани оделенија во болниците. Во моментов се испитува со кого биле во контакт заболените лица. Според зборовите на француската министерка за здравство Агнес Бузин, тоа се први случаи забележани во Европа. Веројатно е, како што кажа, оти постојат и други случаи на заболени.
Претходно беше објавено оти во САД инфекција од коронавирусот е потврдена и кај друг пациент. Заболување е дијагностицирано и кај едно лице во Чикаго по патувањето во кинескиот град Вухан, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Досега, како што е наведено, се истражени 62 случаи во 22 сојузни држави за кои се сомневало дека се инфицирани со овој опасен вирус.
Извор: ДВ