Мицевски: Не можеме да прифатиме обезличување и промена на името на Армијата на Република Македонија

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на членството на НАТО и Законот за одбрана е непроменет и јасен.

– Не можеме да прифатиме обезличување на Армијата на Република Македонија, нешто што никој не го бара од нас. Впрочем поради таа работа ние поднесовме идентичен закон, тој што е отфрлен од страна на власта и во кој што единствена разлика беше непромената на името на Република Македонија, рече Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ, потсети тој, ниту го поддржа Преспанскиот договор, ниту ги гласаше уставните измени, па така нема да гласа ниту за промена на името на Армијата.