Мицкоски со предлог до Заев: тој што ќе изгуби на изборите да ја напушти политиката и да се соочи со одговорноста на сопствениот пораз

На вчерашната средба со граѓани претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излезе со нов предлог до останатите учесници во изборите според кој ќе се воведе институт кој што ќе се нарече кандидат за мандат, или кандидат за носител на мандат. За парламентарните избори има носители на изборни единици, а сега да има и кандидат за носител на мандат, или според праксата во Европа како што тоа е пракса на веќе завршените избори за европскиот парламент кој што се нарекува шпицен кандидат или кандидат за носител на мандат. Тој што ќе победи да има право да ја формира владата составот и да ја води Македонија во следните четири години. Тој што ќе изгуби да не се крие позади пратеничкиот мандат туку веднаш да ја напушти политиката и да се соочи со одговорноста на сопствениот пораз.

Ајде да видиме кој е кандидат носител за мандат за формирање на идната влада на Македонија, кандидатот политиката негова, спроти противкандидатот и неговата политика.  Тој што ќе победи е идниот премиер, а тој што ќе загуби заминува во политичката историја и треба да се соочи со одговорноста на сопствените политики без разлика дали тоа биле опозициони политики или тоа биле владини политики. Да се не криеме позади пратеничкиот мандат и позади пратеничкиот имунитет, да излеземе очи во очи, гради во гради со граѓаните, да го понудиме тоа што имаме да го понудиме и да се соочиме со резултатот пред граѓаните, да не се криеме во парламентот, истакна Мицкоски.