Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во емисијата „Патот кон“ на Алсат Телевизија во дискусија со министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски, истакна дека владата на СДСМ не донесе никакви реформи во судството, како и тоа дека СДСМ инсистира на закон за политички цели за да им биде алатка за затскривање на сите криминали и во иднина.
-Господине Манчевски не можете вие да бидете и судија и се останато, вие сте политичар, како министер ваше право е да создадете можност судството да биде целосно независно, да им дадете право на професионалците да си вршат својата работа, но вас изгледа поважно ви е да ја имате целосната моќ таму, за да одлучувате за други постапки во иднина му посочи Мисајловски на Дамјан Манчевски.
-Вие имавте претседател на влада кој се повлече од тело кое требаше да донесе реформи во судството, кои реформи ги направивте вие во судството ?, го праша Мисајловски, министерот Дамјан Манчевски.
Во однос на вработувањата во админиатрацијата тој истакна дека има четири илјади вработувања за два месеци за да се задоволат партиските потреби.
-Знаете дека излегоа еден куп решенија за непотизам, а тоа се илјадници вработувања на ваши блиски и сега велите прво Законот за администрација. Секаде се ваши партиски кадри, прашањето ми е во законот не можете вие само да ставите само за раководителите морате да ставите за целата систематицазија и начинот и постапките. Сите оние вработувања одат од вашиот штаб и вие сте свесни за тоа, вели Мисајловски.
Тој додаде дека непотизам има во секоја пора од општеството.