Љубител сте на тестенини? Со овој трик значително ќе им го намалите бројот на калории

Повеќето калории во дневната исхрана доаѓаат од јаглените хидрати, а со овој трик драстично ќе ги намалите калориите што доаѓаат од вашите омилени тестенини, а тоа може да ви помогне при слабеење.

Тестенините, колку и да се вкусни, тие се скроб, што не е особено добро за нас. Значи, 100 грама тестенини содржат околу 390 kcal, а најголемиот дел е скроб, кој се претвора во шеќер во нашето тело, односно се чува како маснотии.

Сепак, научниците имаат добри вести за сите љубители на тестенини – постои начин да се намали бројот на калории во нив. Сè што треба да направите е да не ги јадете веднаш после готвењето, туку да ги изладите и повтормо да ги згреете. Ова откритие е е случајно откриено во телевизискиот експеримент во Би-Би-Си на „Trust Me, I’m a doctor“.

На исптаниците им биле давани тестенини, а потоа на секои 15 минути им се мерело нивото на шеќер во крвта. Оние кои јаделе свежо зготвени тестенини, имале дури двојно поголемо ниво на шеќер во крвта од оние кои јаделе иста количина тестенини, кои прво биле оладени, а потоа повторно биле загревани.

„По повторното загревање, скробот во тестенините се однесува повеќе како оној во грав, банани или овес“, рече д-р. Крис Ван Туелкен, за ова необично, но важно откритие.

Со други зборови, загреаните остатоци за ручек или вечера, барем што се однесува до тестенините, се поздрава опција. Поточно, ова го намалува ризикот од дијабетес, како и дебелината.