Социјалните мрежи жариште за ширење екстремизам и поткопување на демократијата

Социјалните мрежи станаа жариште на екстремизмот што се користи за поткопување на демократијата, заклучи експертската група во Давос вчера, повикувајќи на реформи што ќе ја вратат довербата во владите и ќе ја елиминираат екстремистичката содржина.

Комитетот за избори и демократија во дигиталното доба, Кофи Анан, во извештајот заклучи дека дезинформациите се користат како оружје за дискредитирање на демократските институции кои сеат социјална недоверба и ги напаѓаат политичките кандидати.

Социјалните медиуми се покажаа како корисна алатка за екстремистичките групи да испраќаат пораки за омраза и да поттикнуваат насилство, предупредува групата, повикувајќи се на изборите во САД, Филипини и Нигерија.

Соочен со критики дека ја губи битката со екстремизмот, Фејсбук минатата година објави серија мерки против дезинформациите на гласачите пред изборите за претседател на САД во ноември.

Фејсбук, исто така објави дека ги отстранила руските проофили насочени кон гласачите на САД на Инстаграм.

Русија е обвинета за мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, додека пак затворена беша британската компанија „Аналитика“, откако беше откриено дека собрале податоци од околу 87 милиони луѓе, претежно од Соединетите држави, за да ги користи во политички кампањи.

„Странските власти ги користат социјалните мрежи и интернет во последните години за да се мешаат во изборите ширум светот“, се вели во извештајот на Комисијата Кофи Анан.