Силен земјотрес, со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, вечерва е регистриран во источниот дел од Турција.
Епицентарот на ударот се наоѓал на длабочина од 8,6 километри, на околу 15 километри источно од градот Киркагач. После силниот, следеа уште десетина последователни земјотреси од кои едниот беше и 4,7 степени според Рихтер.
Засега нема информации за материјална штета или погодени граѓани.