Принцот Хари и сопругата Меган ќе ги тужат таблоидите

Принцот Хари и сопругата Меган Маркл се заканија дека ќе преземат правни мерки откако таблоидите објавиле фотографии од поранешната војвотка од Сасекс со нејзиниот син Арчи во Канада, јавуваат британските медиуми.

Според дневниот весник „Гардијан“ и каналот „Скај њуз“, адвокатите на двојката  посочиле дека тие фотографии биле направени од фотограф кој се криел во грмушка на островот Ванкувер без за тоа да знае Меган Маркл, каде принцот Хари им се придружил на неговата сопруга и синот во понеделникот вечерта.

Тие се жалат дека папараците постојано ги демнат.

Sun и Daily Mail објавија снимки од поранешната американска актерка како го носи својот син и ги шета нејзините две кучиња.

Во есента, парот поднел тужба против некои весници за нарушувања на приватноста и прислушувањето преку телефони.

„Ја изгубив мајка ми и сега гледам како жена ми е жртва на истите моќни сили“, рече помладиот син, Лејди Ди загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, додека беше следена од папараци.

Нивното оддалечување од британската монархија ќе се случи напролет. Тогаш тие веќе нема да бидат активни членови на британската монархија, ниту пак ќе носат кралски титули.