Не треба да знаеме за некого колкав коефициент на интелегенција има за да заклучиме дека е над просечно интелигентен. Интелигентните луѓе едноставно ги прават работите поинаку од другите.
Иако дејствијата честопати не се мерка на човековата интелигенција, постојат некои работи што интелигентните луѓе ги прават поинаку од другите.
1. Тие ги доведуваат во прашање заедничко мислење и верувања
Интелигентните луѓе не веруваат во сè што слушаат. Тие ги доведуваат во прашање традицијата, верувањето, етичките норми, целиот систем во кој живееме, всушност сè што постои. Тие не земаат ништо здраво за готово, туку размислуваат за тоа критички и темелно го истражуваат пред да формираат свои мислења.
Тие сигурно не веруваат во сè што слушаат во вестите или од која било авторитативна фигура. Над просечно интелигентните луѓе можат да навлезат во лагите на другите и да ги спречат да играат со нив. Догмата, или принципите што се претставуваат како непобитна вистина, не им значат ништо – тие имаат мислење какво што сакаат да го имаат и си го следат својот пат во животот.
2. Интелигентните луѓе немаат идоли
Луѓето со надпросечен коефициент на интелегенција ретко имаат идоли и ретко бараат некој да ги води низ животот. Тие знаат дека знаењето што го бараат можат да го најдат во себе. Тие разбираат дека можеме да научиме по нешто од секоја личност во животот, и исто така сфаќаат дека самите не знаат сè.
3. Тие се во постојана потрага по знаење
Луѓето со висок коефициент на интелигенција никогаш не се задоволни од она што го знаат – секогаш копнеат по нови знаења и искуства. Тие уживаат да ги прошират своите знаења и да се вклучат во интелигентни разговори секогаш кога ќе имаат можност.
Интелигентните луѓе се фасцинирани и се зависни од знаење – не се задоволни од она што го научиле затоа што тоа ќе им стагнира умот. Тие сфаќаат дека знаењето е моќ и тие сакаат да се вооружат со што е можно повеќе ментална муниција.
4. Тие ги претвораат мислите во дела
Надпросечно интелигентните лица знаат дека мислите и идеите не значат ништо без акција. Ако сакаат да стигнат каде било во животот, тие разбираат дека она што го знаат треба да го применат во конкретни работи. Нема корист во размислувањето ако не го споделувате со другите, така што интелигентните луѓе секогаш гледаат каде можат да го применат своето знаење.
Тие нема да дозволат ништо да ги повлече во нивните напори да го сменат светот на подобро користејќи го нивното знаење. Создавањето нови планови за постигнување на нивните цели им причинува големо задоволство.
5. Тие ја знаат вредноста на времето поминато со себе
Повеќе од било што, луѓето со голема интелегенција ја знаат вредноста на „минување“ на време сами со себе, во тишина.
Светот е толку брз, што се чини дека не става акцент на „битието“. Сите ние треба да дејствуваме, да работиме, да произведуваме, да се движиме, да заработуваме. Не трошиме доволно време да размислуваме, чувствуваме, сакаме …
Поради ова, надпросечно интелегентните луѓе поминуваат што е можно повеќе време со себе и со своите мисли, затоа што тие знаат колку е важно да се бара длабоко во себе, за да се пронајдат одговорите. Дури и ако во тој момент не бараат одговори, тие сè уште се свесни за важноста да поминуваат време сами, далеку од вревата што нè опкружува, бидејќи тоа исто така помага во олеснување на стресот и регенерирање на умот, телото и душата.