Еден навивач на еквадорскиот тим Барселона одеднаш стана светски популарен откако се најде во ситуација во која не би сакал да биде ниеден маж.
Прво се одлучил на еден необјаснив потег – да ја однесе својата љубовница на стадион, пред 30 илјади навивачи и тоа на дуел на Барселона Гвајакил и Делфина. Пред почетокот на мечот, додека двајцата се бакнувале, случајно биле фатени и покажани на KissCam.
Тој решил на натпревар да дојде со љубовницата, а откако сфати дека ја изневерува сопругата во директен пренос му падна мрак на очи.
Медиумите во Еквадор веднаш го пронајдоа овој навивач на социјалните мрежи и видоа дека е во брак со друга жена… веројатно не уште долго.