Богатството на светските милијардери двојно се зголеми во последната деценија и се побогати од 60% од светската популација, според добротворната организација „Оксфам“, цитирана од АФП.
Во извештајот на организацијата се вели дека сиромашните жени и девојчиња се на дното на карпа. Тие имаат „12,5 милијарди часови неплатена работа секој ден“, што вреди најмалку 10,8 трилиони долари годишно.
„Нашите разнишани економии ги полнат џебовите на милијардерите и големиот бизнис на штета на обичните мажи и жени. Не е ни чудо што луѓето почнуваат да се прашуваат дали треба да постојат милијардери“, рече Амитаб Бехар, шеф на Индија.
„Разликата меѓу богатите и сиромашните не може да се реши без намерна политика за искоренување на нееднаквоста“, рече Бехар пред годишниот Светски економски форум во Давос, каде ќе го претставува Оксфам.
Годишниот извештај на Оксфам за глобалната нееднаквост традиционално се објавува непосредно пред форумот, кој ќе се отвори во вторник во швајцарското алпско одморалиште.
„22-те најбогати мажи во светот имаат поголемо богатство од сите жени во Африка“, се вели во изјавата на Оксфам.
Ако еден од најбогатите во светот едноставно доплати дополнителни 0,5% данок на неговото богатство за 10 години, тоа би било еднакво на инвестицијата потребна за создавање 117 милиони нови работни места во грижата за стари лица и деца, образование и здравствена заштита изјви Оксфам.
Податоците на организацијата се засноваат на податоци од магазинот „Форбс“ и од швајцарската банка „Кредит Свис“, но тие се спорни од некои економисти.
Бројките покажуваат дека 2153 милијардери сега имаат поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе од најсиромашните луѓе на планетата.
Жените и девојчињата се особено оптоварени затоа што најчесто се оние кои ги поддржуваат „тркалата на нашите економии, бизниси и општества“, рече Бехар. Тие „често имаат малку време да добијат образование, да заработат за пристојно живеење или да зборуваат за тоа како се управуваат нашите општества“ и „затоа се заробени на дното на економијата“, додаде тој.
„Во светски рамки, 42% од жените не можат да добијат работа затоа што се одговорни за грижа за други луѓе, во споредба со само 6% од мажите“, покажуваат податоците на Оксфам.