Шилегов: “чудни сили” фатени на дело во обид да го демолираат зелениот кров на ГТЦ

Градоначалникот на град Скопје на својот фејсбук профил објави видеа од лицата кои се обиделе да го демолираат зелениот кров на ГТЦ.

Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои “чудни сили” решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање.

Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција.

Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а “чудните сили” нека тераат. Осудени се на пропаст.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3070545086503402&id=100006438224726