Група дизајнери од Јужна Кореја најдоа начин да се борат со оние мрачни денови кога едноставно не престанува да врне. Заедно со Пантоне, тие ги вратиле боите во Сеул, создавајќи огромни живописни слики на улиците што се појавуваат кога врне дожд.

Нивниот проект е насловен „Проект монсун“ и, како што сугерира името, е создаден за годишната сезона на монсуните кога врне дожд дури и до 3 недели. Уметниците користеле специјална хидрохроматска боја, која останува невидлива се  додека не се навлажни.

„Инспирирани од културата на Јужна Кореја нагласувајќи ја важноста на реките, сликите ги користат топографските одлики на Кореја кои создаваат проток и локва вода од дожд на секоја улица за да ги наполнат улиците со боја и живот“, пишуваат уметниците за нивниот проект .

Сликите подолу беа објавени како олеснувач на проектот и исто така „да им се даде на луѓето нешто да очекуваат во година на монсуните“.