(ФОТО) На Мекгрегор повеќе време му требаше да стигне до рингот отколку во него

Конор Мекгрегор го нокаутираше својот противник Доналд Сероне за само 40 секунди за време на УФЦ 246 во Лас Вегас.

Прецизните статистичари пресметаа дека на Ирецот му беше потребно повеќе време да стигне до рингот, отколку што мина во истиот. Неговото влегување во рингот траеше точно 1 минута и 37 секунди, додека му беше потребно двојно помалку време за да го победи „Каубоецот“.