Популацијата во Венеција драстично се намалува заради поплавите и туристите

Венецијанските власти продолжуваат да ги пресметуваат штетите од поплавите минатата недела, многу Венецијанци едвај чекаат да го напуштат градот засекогаш.

Населението на познатиот италијански град опаѓа во последните неколку години. Според надлежните, околу 53.000 луѓе живеат во историскиот центар. Само во последната година, бројот на луѓе кои живеат на континентот е намален за 803 заради ниските стапки на наталитет и постојаната емиграција.

Стресот на секојдневниот живот во градот со каналите, предизвикан од постојаната напнатост дека можат да бидат поплавени нивните домови и бизниси, изговор за напуштање на стотици граѓани.

„Загрижени сме што уште повеќе луѓе можат да решат да заминат бидејќи животот во Венеција е навистина тежок“, рече адвокатот од Венеција, Марко Гаспаринети.

Ова нема да биде прв пат населението да се намали по голема поплава. Во 1966 година, кога нивото на водата достигна рекордно високо ниво и предизвика широко распространета штета, историскиот центар беше населен со 121.309 луѓе. Нивниот број се намали на 102.269 само една деценија подоцна.

Жителите на градот се навикнати на сезонското поплавување, или acqua alta , што значи и „висока вода“ на италијански јазик. Сепак, многумина велат дека не биле подготвени за поплавите од минатата недела, што поплавија 80% од градот.

Високите води го парализираа градот, предизвикувајќи затворање на училиштата и супермаркетите.

Покрај тоа, градот го посетуваат над 30 милиони туристи годишно, што создава дополнителни тешкотии. Паола Мар од одделот за туризам во Венеција рече дека властите презеле значителни чекори за управување со туризмот, вклучително и забрана за отворање нови хотели и прифаќање на бродови за крстарење во историскиот центар и разговарање за плановите за воведување на такса за туристичка посета.