Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди иранскиот верски водач да биде внимателен во врска со изјавите.
„Таканаречениот ирански лидер во Иран, кој не беше толку супериорен во последно време,кажа некои непријатни работи за Соединетите држави и Европа. Иранската економија се распаѓа и нивните луѓе страдаат. Тој треба да биде многу внимателен при изборот на зборови“, напиша Трамп на Твитер.
Тензиите во односите меѓу САД и Иран ескалираа по неодамнешниот воздушен напад на САД, во кој загина иранскиот генерал Солејмани во Багдад. Иран одговори со ракетни напади врз две американски бази во Ирак.
Верскиот лидер во Иран, ајатолахот Али Хамнеи објави жесток одговор на САД во врска со убиството на генералот.