Јавна расправа на тема: Говорот на омраза насочен кон жените во политиката

Денес во собранието на Република Северна Македонија на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените ќе се одржи јавна расправа на тема Говорот на омраза насочен кон жените во политика.

Покрај пратениците од законодавниот дом, на јавната расправа поканети се да земат учество претставници од Интер-ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите, координаторките за еднакви можности на министерствата, локалните комисии за еднакви можности, како и претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Институтот за родови студии, претставници на Министeрството за труд и социјална политика, претставници на меѓународните организации, УНДП, ОБСЕ, НДИ, ИРИ, медиумите, експерти, претставници на дипломатските кор во земјава, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Важно е да се напомене дека Клубот на пратенички прави константни напори за борба против говорот на омраза, а еден од нив беше и по повод неделата на женски права и родова еднаквост од 22 до 29 септември, Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија, со поддршка на УСАИД И Националниот демократски институт (НДИ), одржаа Регионална Конференција на тема: Регионалната соработка во унапредувањето на родовата еднаквост/рамноправност и борбата против говорот на омраза.

На крајот од Конференцијата, Клубот ги усвои следниве Заклучоци:

  1. Формирање на Балканска мрежа на парламентарки за родова еднаквост;
  2. Писмено обраќање до идниот Комесар за проширување на ЕУ за побрз процес на евроинтеграција на земјите од западен Балкан , во интерес на мирот и стабилноста на регионот, благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните на нашите земји;
  3. Разгледување и подобрување на законската регулатива, како и следење на имплементацијата на истата за казнивост на говорот на омраза со употреба на инструменти за институциоанлна реакција;
  4. Медиумска соработка за активна медиумска промоција на темите од интерес на жените и од аспект на родова рамноправност;
  5. Регионален дијалог со политичарки, медиуми и невладини организации;
  6. Едукација за родова рамноправност преку образовниот систем, но и преку неформално образование.

.