Забрана за седење и сликање по кафани и одмори за функционерите од СДСМ

На социјалните мрежи се појави партиски допис испратен од шефот на Централниот штаб на СДСМ, Љупчо Николовски до сите општински штабови и функционери од редовите на СДСМ во кој се дадени насоки за делување, како и низа забрани.

Едни од поинтересните забрани се приватните патувања, одмори, седење по кафани и кафетерии, а уште поинтересно е тоа никако да не се сликаат на овие места.

На крајот им се наложува сите објави што ќе ги прават на социјалните мрежи да бидат само во функција на кампањата на СДСМ.