Влијанието на аеро загадувањето врз здравјето на луѓето: 1.663 мртви во Македонија

Загадувањето на воздухот е водечки фактор на ризик во животната средина и за здравјето на луѓето, при  што се проценува дека скоро третина од европските градови се изложени на загадување на воздухот над границата што е дозволена со регулативите на Европската унија, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Идентификувани се голем број загадувачи на воздухот и голем број на нивни комбинации.

Сепак, има некои кои прават најголема штета на здравјето на луѓето и околината. Најопасните се јаглеводородите, јаглерод моноксид, азот диоксид, сулфур диоксид и честички (чад, саѓи, прашина). Јаглеводородите (метан, етан, пропан, бутан и други) се нуспроизводи на индустриските процеси, а од гледна точка на аеро загадување, најважните се гасовитите и испарливите.

Јаглерод моноксидот е еден од најраспространетите атмосферски загадувачи и негови главни извори се моторните возила, согорувањето на цврсти, течни и гасовити горива во индустриските процеси.

Концентрациите на јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, азот диоксид, сулфур диоксид и честички (ПМ) се особено зголемени во текот на зимата.

Тивок убиец

Светската здравствена организација го нарекува загадувањето на воздухот „тивок убиец“, бидејќи неговите далекусежни ефекти често не се припишуваат на токсичниот воздух.

Загадениот воздух може да ја оштети скоро секоја клетка во телото, покажа најновата  студија на Форумот на меѓународни респираторни здруженија.

Тоа истражување покажа дека загадениот воздух може да придонесе за развој на многу болести, од болести на срцето и белите дробови до дијабетес и деменција, од проблеми со црниот дроб и рак на мочниот меур до кршливи коски и оштетена кожа. Плодноста, фетусите и децата се исто така погодени од загадениот воздух.

Системското оштетување е резултат на загадувачи кои предизвикуваат воспаление, кои потоа го прегазуваат организмот, при што ултраситните честички се шират преку крвотокот низ целото тело.

Илјадници смртни случаи во регионот

Податоците на Вашингтонскиот институт за мерење и проценка (IMHE) покажуваат дека Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска се меѓу десетте европски земји со највисоки стапки на смртни случаи поради загадувањето на воздухот.

Според податоците собрани во текот на 2017 година, кои се обработуваат оттогаш, Србија се наоѓа на деветтото место на планетарниот список во однос на смртните случаи од загадување (смртни случаи на 100.000 жители), чиј број изнесува 175,43.

За време на набљудуваниот период од 123.685 случаи на предвремена смрт во Србија, за скоро десет проценти, или 12.317 од нив, загадувањето е директно виновно. Повеќето од нив се предизвикани од загадување на воздухот (9.902), проследено со загадување од олово (1.366), загадување на работното место (1.012) и 37 загадувања од вода.

Институт за здравствено мерење и проценка (IMHO)

Босна и Херцеговина е рангирана на 29-то место на Балканот по стапка на загадување, со стапка на смртност од 124,87. Според американскиот институт, 4.379 смртни случаи во 2017 година биле поврзани со загадување во таа земја, од кои 3.372 се поради загадување на воздухот.

Хрватска е рангирана на 43-то место, со стапка од 108,21 и 4,463 смртни случаи од загадување. Загадувањето на воздухот е доминантен фактор во оваа земја (3.089).

Македонија е 59-та земја во светот во однос на смртните случаи од загадување, со 2.005 смртни случаи од загадување.

Црна Гора е на 74-то место (стапка на смртност 89,32, број на смртни случаи 556) и Словенија на 116-то место (стапка 67,6, 1.397 случаи).

Број на смртни случаи поради загадување на воздухот во Европа (на 100.000 жители)
1 СРБИЈА 175
2 ГРУЗИЈА 140
3 БУГАРИЈА 137
4 УКРАИНА 128
5 БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 125
6 ЕРМЕНИЈА 117
7 ХРВАТСКА 108
8 РОМАНИЈА 106
9 БЕЛОРУСИЈА 105
10 УНГАРИЈА 105

Според стапката на смртност во регионот на Европа од комбинирани предизвикувачи на загадување Македонија се наоѓа на 13-то место со бројка на смртност малку под 100 луѓе, односно 96.

Македонија се наоѓа на 59 место во светот со 2005 смртни случаи од загадување, од кои 1663 смртни случаи се директно предизвикани од загадувањето на воздухот, 4 од загадена вода, 90 од загадување на работно место и 248 проследени со загадување од олово.

Извори: Глобална алијанса за здравје и загадување, Светска здравствена организација