Атеистите се поинтелигентни од религиозните луѓе, се вели во најновото истражување спроведено од научници од британскиот колеџ „Империал колеџ“ од Лондон.
Според бројните студии, бројот на верници се зголемува, така што се проценува дека до 2050 година, атеистите ќе сочинуваат само 13 проценти од светското население.
Научниците често ја проучуваат врската помеѓу верските верувања и интелигенцијата. Во една неодамнешна студија, тие заклучија дека причина за падот на интелигенцијата кај верниците е најверојатно интуицијата, на која честопати се потпираат.
Во истражувањето биле опфатени 63.000 испитаници кои првично се прогласиле за атеисти, агностици или верници. Тестирањето траело 30 минути и се состоело од 12 когнитивни задачи кои вклучувале планирање, расудување, внимание и меморија.
Без оглед на демографските фактори, како што се возраста и образованието, истражувањето покажало дека атеистите подобро работеле на тестовите и дека верниците честопати се потпирале на интуиција, што честопати е во спротивност со расудувањето. Агностиците се најдоа меѓу атеистите и верниците.