Земјотрес го стресе грчкиот остров Крит. Земјотресот бил со јачина од од 6,1 степен според Рихтеровата скала според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот се наоѓа во морската област северозападно од Крит, а се случил во 9.23 часот по локално време.
„Ова беше најсилното што некогаш го почувствував. Куќата се потресе многу. Беше страшно“, напиша Грк кој се наоѓа на 47 км од епицентарот.
Засега нема пријавено штети или повредени.
Говорејќи за локалните медиуми, сеизмологот Ефтимиос Лекас рече дека денешниот потрес не е поврзан со смртоносниот земјотрес што вчера ја погоди Албанија, како и тој во Босна.