Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Економски Магазин“ на ТВ Алсат-м обвини дека власта прави пактови со лица за кои порано велеа дека се криминалци.
-Истите овие кои што велеа дека ќе стават бројчаник на триумфална, па ќе ги враќале парите кај граѓаните кои што биле украдени и така натаму, сега со истите тие луѓе прават пактови. Тие ги нарекоа криминалци, а не јас. Јас не сум ниту Зоран Заев, ниту СДСМ, јас верувам во пресумпција на невиност. Тие истите што ги нарекуваат денеска им се верни слуги или пак процесите се враќаат на самиот почеток за да го критикуваат ВМРО-ДПМНЕ, посочи Мицкоски.
Според него во Република Македонија мора да има владеење на правото бидејќи само така државата ќе има развиена економија, а граѓаните ќе веруваат во правниот систем.
-Ако немате правна сигурност, ако граѓаните не веруваат во правдината, ако бизнис заедницата без разлика дали домашната или надворешната не препознае правна држава вие нема да имате развиена економија. Тоа е суштината, додаде Мицкоски.
Промени во МВР
Мицкоски посочи дека никој од Спасовски не барал да направи промени во систематизација, и срамота е 4 дена пред примопредавање на неговиот кабинет тој да ја изврши промената на систематизацијата.
„На што личи на четири дена пред да речеме да се примопредаде кабинетот на министерството за внатрешни работи да се менува систематизацијата и да се доделуваат 100-тици решенија на луѓе кои што во тоа време се прогласени за неподобни на оваа власт. Значи не се тие оценети како непрофесионални, згрешиле при работењето, згрешиле во службата туку едноставно се оценети дека се неподобни за СДСМ. И се даваат решенија не знам од Македонски Брод за Дебар, од Дебар во Струмица, од Струмица во Струга, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека не е нормално на 4 дена пред примопредавање на кабинетот на министерот за МВР да се менува систематизација. Тоа го нема никаде.
Мицкоски појасни дека ова е само партиска пресметка.
Мицкоски истакна дека Оливер Спасовски во време на своето министерување само успеа да направи коалиција со криминалот и подземјето. А, на кој единствена задача беше да се занимава со гребен автомобил од мачки.
„Ако навистина беше потреба промена на систематизација немаше со себе Оливер Спасовски да си земе 25 возила кои што припаѓаат на граѓаните. Човекот кој што најголемо достигнување му беше да покаже во јавноста автомобилот изгребан од мачки. Каде што во државата цути криминалот, човекот кој што прв направи коалиција со криминалот зборува за возилата, зборува за безбедноста“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека за сите неправилности и неправди на Спасовски сведочат луѓето кои што работат во МВР.