Машки проблеми: Завист од секс, работа, интернет

Секогаш сме се прашувале дали навистина постои сексуална зависност? Ако сте активни повеќе од нормалното не значи дека сте сексуално зависен. Ако нагонот за сексот се повеќе и повеќе е присутен кај вас, тогаш навистина сте сексуално зависник. Во тие моменти вие гледате премногу порно содржина и мислите само на партнерки со кои би сакале да имате секс. Тоа е еден од симптомите кои покажуваат дека постои завист.

Вториот проблем кој мажите го имаат е зависноста од работа. Навистина е добро ако ја сакате својата работа, но ако работите повеќе од 50 часа неделно, вие навистина ќе се истрошите. Оние кои се навистина зависни од работа се опсесивни во поглед на своите обврски кои им го одвлекуваат вниманието за другите важни работи во животот. Еден од наголемите симптоми кои покажуваат дека сте зависен од работата е непрекинатото работење и надвор од работното време, не јадете редовно поради работата. Не можете да се опуштите и да уживате во другите работи кои се исто така важни во животот.

Третиот проблем кој можеби е најприсутен кај мажите денеска е зависноста од интернетот. Главните симптоми дека сте зависен од интернет е кога ги запоставувате другите активности поради тоа. Во денешниот свет каде што сме опкружени со технологија, тешко е целосно да ја избегнете и да се тргнете од неа. Едноставно нема потреба постојано да го проверувате Вашиот меил додека или нотификациите на телефонот.