(ФОТО)  Во училиште ја малтретирале поради изгледот, 10 години подоцна таа e секс бомба

Гламурозниот модел и Инстаграм сензација Аполонија Левелајн неодамна за британските медиуми рекла дека историјата се повторува и дека малтретирањето кое го имала во училиште, сега го доживува на Интернет, секојдневно соочувајќи се со навреди и лоши коментари.

Згодната 20-годишна девојка тврди дека нејзиниот инбокс е претрупан со насилни и заканувачки пораки, како и оние во кои ја навредуваат за изгледот, однесувањето и личноста.

Аполонија додала дека ја нарекувале „дебела“, „неморална“, „сериска љубовница“, како и дека ѝ велеле дека болно сака внимание.

Инаку, оваа блогерка раскажала дека со години била жртва на врсничко насилство, што дошло до таа мера што нејзината куќа ја мавале со камења и јајца и ѝ оставале закани со смрт во поштенско сандаче.

Денес на Инстаграм ја следат над 100.000 луѓе.