Излегоа нови снимки на кои се гледаат двете ракети кои удираат во украински авион

The New York Times објави нови снимки од кои се гледаат две ракети кои удираат во украинскиот патнички авион.

Снимките на безбедносната камера, објавени од New York Times, покажуваат дека биле истрелани 30 ракети за 30 секунди.

New York Times објави клип од безбедносните камери, во кој се наведува дека го потврдил неговиот кредибилитет. Покажува како биле истрелани две ракети во рок од 30 секунди.

Авионот може да се види како лета неколку минути, потоа, запален, обидувајќи се да се врати на аеродромот во Техеран, експлодира и се урна.

Техеран со денови ги демантираше извештаите дека е уништен Боинг 737-800.

Видеото, прво објавено од New York Times и Си-Ен-Ен, се совпаѓа со изјавите на канадските, американските и британските официјални претставници кои рекоа дека разузнавачките информации сугерираат дека иранските ракети го урнале авионот.

Најавени се апсењата
Во саботата, командантот на Револуционерната гарда Амир Али Хаџизаде призна дека ракетен оператор по грешка го погодил авионот со крстаречка ракета.

Снимките се снимени во Бидкане, село на четири километри оддалеченост од иранската воена база.

Илјадници демонстранти, претежно студенти, излегоа на улиците по инцидентот, извикувајќи пароли против Исламската Република.

Иран ги објави првите апсења за падот на авионот, меѓутоа, не прецизира колку лица се затворени или нивните идентитети.

Линк од видеото: https://nyti.ms/30sTV48