Турција ја укинува забраната за „Википедија“

Забраната за „Википедија“ во Турција треба да биде укината по пресудата на Уставниот суд со која се вели дека блокирањето на Енциклопедијата на интернет во Турција повеќе од две години е повреда на слободата на изразување.

Одлука на Уставниот суд објавена во „Службен весник“ го отвора патот за укинување на забраната воведена во април 2017 година кога се појавија написите на Википедија, во кои се обвинуваше Турција за здружување со терористички организации.

Пристапот до страниците на Википедија треба да биде овозможен откако пресудата, донесена мнозинство гласови на уставните судии, официјално се проследува до агенцијата за следење на телекомуникациите.

Укинување на забраната во Уставниот суд побара Фондацијата Википедија, непрофитно здружение кое одржува страници за енциклопедија преку Интернет.