Само банкарските акции имуни на падот на берзата

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на НЛБ Банка АД Скопје, кои забележаа раст од високи 0,91 проценти, пред акциите на Стопанска банка АД Битола кои забележаа раст од 0,47%.

За разлика од претходните денови кога берзата беше обоена во „зелено”, на последниот ден за тргување речиси сите акции доживејаа пад на вредноста, освен дел од банкарските акции, кои и во услови на пад МБИ10 индексот, бележат раст на својата вредност на акциите.