ДИК се прогласи за ненадлежна да одлучува за назначувањето на командир на СВР Скопје од страна на Чулев

Државната изборна комисија одлучи да се прогласи за ненадлежна да одлучува по барање од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој бара да кажат дали има нешто спорно во назначувањето на Ристо Ставревски за командир во СВР Скопје.

Тие сметаат дека именувањето на Ставревски не е работа поврзана со кадровските или финансиските прашња поврзани со организација на претстојните избори, за да мораат да одлучуваат.
ДИК остави двајцата технички министри во МВР да го решат проблемот со началник на СВР Скопје. Членовите на комисијата имаа ист став дека не се надлежни да се мешаат во кадровските решенија.
Со ова, Петровска и Чулев сами ќе треба да донесат одлучат за именување на прв човек во СВР Скопје.

Ристо Ставревски ќе биде прв човек на СВР Скопје. Вака пресече техничкиот министер Наќе Чулев после одлуката на ДИК дека е ненадлежна да се меша во кадровските решенија во МВР.

За спорови меѓу двајцата министри во техничката влада може да решава управниот суд но само доколку поднесат тужба.