17 годишна девојка загина во сообраќајка, уште четворица повредени во друга незгода

На 14.01.2020 во 01.30 часот на крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во с.Миладиновци и локален пат за с.Бујковци, кај железничката пруга, патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот.

На местото на незгодата починала 17 – годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т.П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Во друга сообраќајна незгода што се случила изутринава во 00.30 часот на крстосница од ул.„Mилан Марковиќ“ и ул.„Ловќенска“  помеѓу патничко возило „фолксваген“, со скопски реистарски ознаки, управувано од Д.М.(21) од Тетово и патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(41) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „мерцедес“, Е.А.(62), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „мерцедес“, Ч.М.(59), по што биле пренесени во клиниката „Аџибадем Систина“, Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.