Во Собранието конечно расправа за енормното загадување на воздухот

Денес од 10 часот во Комисијата за транспорт, врски и екологија како матично работно тело, ќе се расправа за Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија.

Информацијата беше поднесена од страна на пратениците од ВРО-ДПМНЕ уште на 20 декември 2019 година.

Ова е втора ваква информација што ја поднесуваат пратениците, бидејќи првата не беше ставена на собраниска седница од страна на претседателот на Собранието.

По завршување на расправата во Комисијата, Информацијата за загадувањето на воздухот треба да продолжи на пленарната седница на Собранието која е закажана за денес, а оваа информација е ставена како 51 точка на дневниот ред.

Се очекува да бидат донесени заклучоци и мерки против загадувањето на воздухот, кои доколку стигнат на гласање пред пратениците, ќе треба да се спроведат од страна на институциите со цел намалување на загадувањето на воздухот.