Како што пренесуваат српските медиуми припадничката на комуналната полиција Aлиса Меметовиќ, била нокаутирана на пазар од страна на прдавачка.

Причината за нападот е тоа што полицајката се обидела да и ја одземе шверцуваната роба. По нападот, продавачката е приведена а Алиса префрлена во болница.

Бруталниот напад се случил половина час пред 12 напладне. Снимката која е објавена на социјалните мрежи докажува дека Алиса е претепана на пазар додека си ја вршела работата.