Анализа: Што предвидува Законот за укинување на лустрацијата – ретроспектива на лустрацијата во Македонија

На 24 декември 2019 година, Владата на Република Македонија го усвои предлог законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација и го достави до Собранието.

Текстот на предлог законот е составен од само 6 члена и е прилично едноставен во својата намера и материјата која ја регулира, односно поништува.

Целокупната содржина на предлог законскиот текст е во насока да се поништат сите решенија, одлуки и други правни акти на Комисијата за утврдување на фактите, судот и другите надлежни органи, засновани на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.

Согласно предлог законот, оние лица кои биле идентификувани како извршители на комунистичкиот режим и соработници на режимските тајни служби би биле ослободени од одговорност за својата претходна работа и кривични дела кои ги имаат сторено и би добиле целосна судска рехабилитација како и право на надомест на штета во граѓански постапки согласно одредбите од Закон за облигационите односи како што е наведено во член 4 и член 5 од предлог законот.

ретроспектива 2008 – 2012

Подготовка и донесување на Законот за лустрација предложен од Стојан Андов

(декември 2005 – јануари 2008)

Овој период започнува со сензационалистичко објавување на делови од досиеја во медиумите и на новинарски лов на „кодошите“. Собранието донесува Декларација за извинување на жртвите од репресијата од режимот во периодот од 1945 до 1990 година. Јавно се лицитира со бројки од 50.000 жртви на „македонскиот комунизам“ (Зоран Тодоровски) и од „100.000 луѓе како полициски доушници“ (Јанко Бачев).

Андов е експлицитен дека законот ќе се однесува „на оној што свесно се определил да биде соработник и за тоа има потпишано изјава“.

По долготрајни препирки за временскиот опфат, како и за составот и за надлежностите на комисијата за лустрација, со 73 гласови „за“ и ниту еден „против“, пратениците го донесуваат Законот за лустрација кој го опфаќа периодот од 1944 г., до неговото стапување во сила.

Покрај информаторите, опфатени се и нарачателите, наредбодавците и корисниците на информациите. Указот за прогласување на Законот е веднаш потпишан од претседателот и е објавен во Службен весник на 29.1.2008 година.

Имплементација на Законот, укинување одредби од Уставниот суд, законски измени и дополнувања (февруари 2008 – февруари 2011)

Примената на Законот почнува неславно. Првиот конкурс за формирање на комисијата за лустрација пропаѓа, а вториот се совпаѓа со самораспуштањето на Собранието пред изборите во 2008 година.

Битката за доминација и за контрола во комисијата  завршува во средината на јануари 2009 г. кога е избрана комисија од 11 члена (7 на предлог од власта, 4 од опозицијата).

Комисијата за лустрација се конституира на крајот на март 2009 г., а во мај се донесени законски измени со кои рокот за спроведување на лустрацијата е пролонгиран на 10 години и се професионализира членството во Комисијата.

На крајот на јануари, Уставниот суд поведува постапка за четири члена од Законот и забранува нивна примена до донесување конечна одлука. Уставниот суд се изјасни дека не треба да се лустрираат 17-те транзициски години на Македонија, дека не треба да се објавуваат имињата на соработниците во Службен весник и дека не треба да се лустрираат граѓанските здруженија и верските заедници.

На крајот на мај 2010 г., Комисијата соопштува дека лустрацијата ја минале над 130 функционери, а медиумите, дека имало сомнежи за седум-осум функционери.

До август 2010 г. лустраторите успеваат да верификуваат 324 изјави дека тие личности го исполнуваат дополнителниот услов за вршење јавна функција.

Комисијата за лустрација бара од пратениците да иницираат законски измени со кои ќе се овозможи ова тело „да располага со документацијата“ и јавно се жали дека Законот е ограничувачки.

Во декември, пратениците ја изгласуваат Декларацијата за спроведување на процесот на лустрација и за осуда на обидите за негова девалвација.

Жестоката дебата за новите законски измени главно е меѓупартиска пресметка на тема „Која партија има повеќе кодоши?“. На крајот на февруари 2011 г. се донесени законските измени и дополнувања на Законот, без консензус.

Имплементација на измените на Законот за лустрација и нивно повторно укинување

На крајот на април, Комисијата го лустрира вториот соработник – член на Советот на град Скопје од редовите на опозициските партии. Новинарите се сомневаат дека тајмингот намерно се поклопува со предвремените парламентарни избори.

Летото по изборите започнува случајот „Драматург“, директор на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) која поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за лустрација. Претседателот Аџиев потврдува дека „Драматург нема потпишано документ за соработка“, но тврди и дека „имаме документи дека соработувал“.

Членови на Комисијата не се согласуваат со решението за лустрација на „Драматург“ затоа што МВР „има наведено дека не соработувал со нив“.

Во декември 2011 г., почнува лустрацијата на: новинарите, свештениците, партиските функционери и вработените во невладиниот сектор.

Македонското судство со месеци не може да обезбеди ефикасна правна заштита од процесот на лустрација.

Уставниот суд, на крајот на јануари, донесува времена мерка за стопирање на 13 члена од Законот за лустрација.

Донесување нов закон за лустрација во 2012 година и негова имплементација

Неколку дена пред Уставниот суд да укине 12 члена од Законот за лустрација (март 2012), ВМРО -ДПМНЕ најавува целосно нов закон за лустрација со слични содржини како оспорените.

Андов предупредува дека во случај законот да не се носи со консензус, „се добива впечаток дека се носи закон во интерес на власта, а за пресметка со опозицијата“. Започнуваат нови меѓупартиски пресметки.

Во мај 2012 г. Управниот суд ги поништува сите решенија на Комисијата за лустрација, со кои таа прогласи неколкумина јавни функционери за соработници, а во јуни е изгласан новиот Закон за лустрација.

Во јули се поднесени кривични пријави против пратениците, кои гласаа за усвојување на Законот за лустрација, за неизвршување одлука на Уставниот суд.

Хелсиншкиот комитет го оспорува новиот Закон пред Уставниот суд. Во август 2012 г., Комисијата за лустрација почнува да објавува решенија за претходно лустрирани функционери, поткрепени со документи од службите.

Што побара Европскиот парламент

Јавна објава на соработниците со тајните служби во поранешна Југославија е главна забелешка која стои во последната резолуција на Европскиот парламент за Македонија, чиј известител е британскиот европарламентарец Ричард Ховит.

Во документот на ЕП не се наведени конкретни периоди, ниту, пак, е посочено лустрацијата да се занимава и со приватизацијата во Македонија. Со новиот законски предлог за лустрација треба јавно да се објават имињата на соработниците во периодот од 1994 до 2006 година.
„Се охрабруваат властите да ја завршат задоцнетата објава на имињата на агентите кои соработувале со тајните служби во поранешна Југославија како голем чекор кон расчистување со комунистичкото минато. Се охрабрува и зајакнувањето на мандатот на Комисијата за верификација на фактите, особено нејзината независност да ги обелодени своите заклучоци директно во јавноста и пренесување на сите неопходни документи на трајна основа во просториите на Комисијата“, се наведува во последната резолуција на Европскиот парламент за Македонија.

Мислењето на Венецијанската комисија

Венецијанската комисија  констатира дека не е надлежна да утврдува уставност на конкретниот закон.

Венецијанската комисија со препораки како понатаму тој да се усогласи со праксата во неколку други држави од централна и источна Европа (Албанија, Чешка, Полска) и посочува дека процесот на лустрација требало да започне многу порано во процесот на демократизација на општеството.

Укинување на Законот за лустрација

Законот престана да важи од 1 септември 2015 година. Остана да важи одредбата дека лицата што веќе добиле решение дека соработувале со тајните служби, пет години нема да можат да извршуваат јавна функција.

Лустрирани беа 204 лица, а нивните решенија за лустрирање и документите од нивната соработка со тајните служби беа јавно објаве