Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, го отфрла тврдењето дека Скопје редовно се наоѓа меѓу петте најзагадени градови во светот.
Според него, мерењата од државниот мониторинг центар покажуваат дека во октомври, ноември и декември 2019 година, споредено со петте изминати години, имаме драстично помало загадување на воздухот. Тој ги смета за неточни податоците од мерењата на воздухот, кои често пати се појавуваат на социјалните мрежи,
– Сакам да укажам дека ние како и сите држави членки на Европската Унија, податоците и дефинирањето на политиката го правиме врз државниот мониторинг систем и инструментите што чинат многу пари. Креирајќи политика со „али експрес“ сензори може само да предизвика паника помеѓу граѓаните. Не велам дека нема загадување, но нема потреба да се прогласи алармантна состојба во градот. Оваа година не е загадено како другите години, бидејќи заеднички, координирано и благодарение на зголемената свесност на граѓаните и со активностите на централната и локалната власт имаме помалку објекти што загадуваат. И никаде во светот не постои друго решение за загадувањето на воздухот, освен со елиминирање на изворите на загадување – вели Макрадули.
Во врска со обвинувањата дека во Македонија се внесува опасен отпад, Макрадули рече дека се е според закон.