Калеска –Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ со најавите за блокада на Законот за поништување на лустрацијата докажува дека кај нив ништо не е променето

Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира Предлог законот за поништување на лустрацијата е само уште еден доказ дека во оваа партија ништо не е променето, наместо да се оградат, Христијан Мицкоски и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги бранат бруталните злоупотреби на процесот на лустрација зад кои се криеше политичка и криминално мотивирана фамилија на режимот, изјави Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби лустрацијата за политички, партиски, па дури и за лични цели. Тоа можевме да го слушнеме и во прислушуваните материјали, каде високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Милишоски, Јанкуловска, Груевски си нарачуваа лустрациски процеси по желба.

Бруталната пресметка со неистомислениците и кршење на законот за лустрацијата, кои свесно ги спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ и фамилијата се срамни и недозволиви и таа неправда мора да се исправи, изјави Калеска –Ванчева.

Целта на овој Предлог- закон, кој ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе го блокира, е токму тоа.

Таа појасни дека со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи, и за оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета.

Илиоски: Децата на кодошите си ги амнестираат своите предци