Јанушев: Зошто министерот за земјоделие не го пријавил случајот ако имало нешто сомнително?

Слушам дека Владата на СДСМ спремала некоја кампања за влез во НАТО. Ако се знае дека за минатата партиска кампања потрошија еден милион евра, за оваа останува да видиме дали ќе го срушат својот претходен рекорд за најскапо лажење, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Но, кога сме кај НАТО,тој во својот статус прашува, ќе кажат ли дали ќе има во тие спотови делови од онаа аудио снимка во која се слуша како советник на министер дава наредба да се раскине концесија на езеро? А, ако не го послуша ќе мора да си даде оставка, зошто и тоа ако не го направи ќе мора “да мисли на семејството”?!?

По оваа снимка, министерот за земјоделие со уште победна одбрана. Признава дека разговорот е вистина, ама демек разговорот бил хуман, сакал да се раскине концесијата, зошто имало неправилности, пишува Јанушев.

Ајде да одиме по ред.

Тој продолжува во својот статус со низа прашања до министерот за земјоделие: Од кога тоа концесија за езеро се раскинува по усна наредба по телефон, а не по закон, и тоа со закани по семејство? Зошто министерот за земјоделие не го пријави случајот до надлежните органи ако веќе имало нешто сомнително?

Снимката покажува дека уцените и заканите на бандитите на власт се нивен заштитен знак, удираат по земјоделците, удираат по недолжен народ. И затоа ќе загубат. Овие предавства што бандата на власт ги прави кон својот народ ќе бидат поразени. 12 април е тој ден, напиша Јанушев во својот статус.