Во текот на 10, 11 и 12.01.2020 на подрачјето на СВР Скопје од сообраќај се исклучени 17 возачи, од кои: 11 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и шест возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и шест возила бидејќи биле нерегистрирани.
Во однос на пешаците, санкционирани се девет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови 103 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
Полициски службеници од СВР Битола за време на викендот 10/11/12 јануари 2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека седум возачи биле под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, осум возила биле нерегистрирани, 12 возачи не поседувале возачка дозвола, пет возачи не користеле сигурносен појас.
За сите неправилности издадени се соодветни налози.
Извор: МВР