Во Собранието денес седници ќе одржат 5 комисии.
На Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се разгледува Законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација со кој е планирано да се поништи лустрацијата, а лустрираните да бидат обесштетени од државата.
Комисија за здравство ќе расрава за новиот Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со кој се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко.
На Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се разгледува Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните.
На Комисија за транспорт, врски и екологија ќе се разгледуваат десетина закони, кои повеќето се усогласување со Законот за прекршоци, односно глобите.
Комисија за одбрана и безбедност ќе ги разгледува измените на Законот за јавни собири со кој се врши намалување на глобите за физички лица, како и усогласување на глобите за правните лица и со кој се врши интервенција во однос на името на државата, а со цел имплементација на Уставните амандмани.