Адора Инженеринг купи 5300 акции од Комерцијална банка АД Скопје

Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека на 25.11.2019 година преку две системски блок трансакции правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 5.300 обични акции издадени од Банката.

Правнотlqо лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица ќе поседува вкупно 253.247 обични акции, односно ќе има учество од 11,11% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

Вкупниот број на акции во моментов изнесува 2.279.067 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 6.098,96 денари.