Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека на 25.11.2019 година преку две системски блок трансакции правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 5.300 обични акции издадени од Банката.
Правнотlqо лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица ќе поседува вкупно 253.247 обични акции, односно ќе има учество од 11,11% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.
Вкупниот број на акции во моментов изнесува 2.279.067 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 6.098,96 денари.