Чевли, облека за бебиња, фотографии, пасоши, пакети за живот, сето ова утрово беше исфрлено од морето на брегот на турскиот град Измир, по завчерашното потонување на брод во кој загинаа 11 мигранти, меѓу кои и осум деца.
Во саботата брод со 19 мигранти се обиде да го помине грчкиот остров Хиос во водите на Егејот.
Жителите од областа Јали во Измир слушнале извици и повици за помош од морето, информирајќи ја локалната полиција.
Откриен е бродот со непријавени мигранти. Најмалку осум лица се спасени од морето, а вкупно се извлечени 11 тела, од кои осум се малолетни. Повредените биле пренесени во болницата, а телата на жртвите во мртовечница.
Потоа било утврдено дека станува збор за сириски бегалци.
Она што беше многу шокантно да се види беа чевлите и облеката на сириските мали деца, како и фотографиите, пасошите и пакетите за спасување што морето ги исфрли во близина на Измир.
Причината за несреќата е прекумерниот број на лица наменети за овој вид брод.