Низа забрани во Њујорк – од носење крзно и возење низ Менхетен до гускина паштета

Почетокот на новата година е секогаш време за ветувања, а државата Њујорк ја пречека 2020 година со низа забрани. Гувернерот Ендру Куомо се потпиша на 700 иницијативи, за различна намена – од помагање на имигрантите до заштита на домашни миленици. Гласот на Америка направи список на она што е забрането, но и за тоа што мислат Њујорчаните за тоа.

Под еден, пластичните кеси ќе бидат забранети на национално ниво од март, а ќе ги заменат хартиени кеси од 5 центи.

Причина за овие, а и за другите забрани е грижата за животната средина. Плаќањето за возење по улиците на Менхетен е исто така на списокот. Не само што ги намалува емисиите на штетни гасови, туку и ќе го намали метежот во центарот на градот Њујорк, кој е кошмар за возачите. Ова се воведува следната година.

Нема само возачите да ги почувствуваат промените. Гурманите ќе се збогуваат со гускината паштета. Градскиот совет на Њујорк го осуди како суров начинот на кој се хранат птиците со сила поради овој деликатес. Иако имало протести од земјоделците и рестораните, од 2022 година стапува на сила и оваа забрана.

Забраната за крзно. Сепак, на многу Њујорчани им се допаѓа оваа забрана, поради тоа што вештачките крзна се многу поевтини, а големите продавници се задоволни што побарувачката за синтетичко крзно е зголемена.

Жителите на Харлем се против забраната за крзно од други причини. Тие во писмото до градскиот совет напишале дека крзното е важно за културата на Афроамериканците. Индустријата за крзно има огромен удел во државната економија – дури 80 проценти од крзното во Америка се прави во Њујорк. Повеќе од 10,000 луѓе работат во оваа индустрија, вклучувајќи ги и семејните бизниси кои со децении се во овој бизнис. Но, оваа година, таа приказна е при крај.

Во обид да покрие што е можно повеќе сфери, Њујорк реши да се справи со ксенофобијата. Комисијата за човекови права во Њујорк ја забрани дискриминаторска употреба на зборот „илегален имигрант“, со казна од 250.000 американски долари за сторителите.

„Кога луѓето зборуваат за депортации, тоа е реално, тоа е она што се случува секој ден. Тие се обидуваат да депортираат што е можно повеќе Њујорчани без документи“, вели членот на Советот на Њујорк, Кори Џонсон.

Ново е тоа што имигрантите во Њујорк можат да добијат возачка дозвола без да се реши нивниот статус. Дозволата е само за возење, тие не можат да гласаат или патуваат низ Америка.

Друг закон предизвика контроверзии – забрана за какво било религиозно оправдување на родителите за да избегнуваат вакцинација на нивните деца. Сега сите деца мора да примаат вакцини, освен ако не постои медицинска пречка за тоа.