Внимателно по Стража, снегот повторно ги изненади надлежните

Од АМСМ информираат дека Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Но од фотографиите што ги споделуваат граѓаните на социјлните мрежи може да се види дека има снежни врнежи по патиштата.

Исто така се гледа дека службите ги немаат исчистено патиштата од снежните наноси, затоа возете внимателно, особено по планинските превои.

Фотографиите се од денес од превојот Стража.